Interfrigo композиција на вагони-ладилници

Interfrigo 
композиција на вагони-ладилници

Композиција составена од вагони-ладилници која транзитирала низ Македонија во ´60-те и ´70-те години на минатиот век можеме да добиеме со комбинирање на модели на вагони-ладилници во размер 1:87 на неколку производители.


Долната фотографија прикажува една Interfrigo композиција снимена покрај реката Вардар, на пропатување низ Македонија на пат кон Грција. 


Композиција покрај Вардар
Фотографија од книгата: "On Railways Far Away" од авторот W.D. Middleton

За вагоните под број 1 и 7 можеме да го употребиме моделот на производителот LS Models со број на производ: 30004 како и сетот од два вагони на истиот производител со број на производ: 30004R (на фотографијата):
LS Models 30004R

За вагонот под број 2 можеме да го употребиме моделот на производителот Klein Modellbahn од сетот со ознака на производ 429: 

Klein Modellbahn set 429 

Вагоните под број 3 и 4 во модели ги имаме од истиот производител Klein Modellbahn со број на производи 51/4 и 57/2:

Klein Modellbahn 51/4 & 57/2

За вагоните под броевите 5 и 6 можеме да ги употребиме сите горенаведени модели на производителот Klein Modellbahn како и моделот со број ЅЅ 10/1:

Klein Modellbahn SS 10/1
За останатите вагони од композицијата означени со знакот Х можеме да ги употребиме сите горе наведени модели.


На фотографијата се гледа дека оваа композиција е влечена со локомотива од серијата 01 на Југословенските железници која за за жал во модел не ја изработува ниту еден производител.
Единствените два примероци на модели на локомотиви од оваа серија во размер од 1:87 се изработени во месинг од страна на за сега единствениот моделар на железнички возила во месинг на балканските простори Велимир Црха од Хрватска:
JŽ 01-089 - Velimir Crha

Во недостаток на оригинален модел на оваа серија на наши локмотиви а со оглед на визуелната сличност можеби би можеле да го искористиме моделот на италијанската локомотива Gr 685 на производителот Os.Кar со број на производ 1686:
FS Gr 685.393 - Os.Kar 1686

* * *

No comments:

Post a Comment