Музејска композиција - Кичево

Музејска композиција на ЈЖ 99-4 „Ќирчо„ 
Кичево



Kičevo, Macedonia
Локомотивата ЈЖ 99-4 (Dn2t) како и патничките вагони на композицијата на „Ќирчо„ монумент пред автобуско-железничката станица во Кичево, како модели може лесно да ги добиеме со мали доработки и измени на моделите од асортиманот на производителот Minitrains.


Minitrains 1021 & 5143 
Композицијата составена од наведените модели би изгледала како на следнава фотографија:

Minitrains 1021 & 5143 х3
Званично, производителот овие модели ги најави како Н0 модели (размер 1:87) меѓутоа тие се поголеми и најверојатно се во размер од 1:76.
Моделот на локомотивата е со аналоген погон и користи DC струја од 9V. Исто како и вагоните има растојание меѓу тркалата од 9 милиметри што покрај "Н0е" овозможува користење и на шинските "N" системи (1:160) на сите познати производители.

Инаку, Minitrains моделите се направени да ги претставуваат железничките возила во нивната оригинална, фабричка изведба така да потполно одговараат за добивање на композиции кои сообраќале по 600 милиметарските пруги низ Македонија пред Втората светска војна.


Crna river, Macedonia
Меѓутоа подоцна, при сервисирањето на овие локомотиви и вагони врз нив се направени неколку измени така да доколку сакаме да добиеме модели на комппозиции од по Втората светска војна би морале да извршиме неколку промени, како на локомотивата така и на вагоните.




2 comments: