проект - ЖС Кичево во '80-тите

Модели на објектите во реонот на железничката станица во Кичево


Реонот на железничката станица во Кичево


1. Модел на железничкиот помошен објект


Самоградба - пластика
Моделот е во размер од 1:87 и е самоградба, изработен во пластика.

Објектот врз чиј изглед е направен овој модел е сместен од левата страна на  пругата, при влегување со воз во реонот на железничката станица во Кичево.
Истиот го има зачувано оригиналниот изглед од неговото пуштање во употреба па се до денес.
Железнички помошен објект - Кичево


2. Модел на железничко-автобуската станица

В. Петков - нацрт на железничко-автобуската станица во Кичево 

Моделот на железничко-автобуската станица во Кичево како и останатите направени и предвидени објекти ќе биде направен од пластика со размер од 1:87.
Поради тоа што е покомплексен за изработка за разлика од останатите моделот на овој објект е оставен да биде изработен на крај, откако ќе бидат направени моделите на останатите градби.



3. Модел на железничкиот магацин

Самоградба - пластика
Моделот е недовршен, започнат е во пластика, размерот е 1:87. Истиот е направен спрема оригиналниот изглед на магацинот од времето на неговото пуштање во употреба и е пократок за разлика од денешниот објект.
Железнички магацин во Кичево

4. Модел на мерната вага со придружниот објект

Моделот е во припрема.



No comments:

Post a Comment