проект - ЖС Битола - почеток на 20. век

Диорама - Железничката станица во Битола на почетокот на 20-тиот век



П Л А Н И Р А Њ Е


Диорамата е замислена да ја прикажува железничката станица во Битола во периодот од последните години од владеењето на Отоманската империја до последните денови на 1-та Светска војна. 
Битола -  скица на диорама
Да би се успеало во тоа се планира на колосеците да се постават две композиции: една цивилна и една воена.

Цивилната композиција би се состоела од пет вагони: три патнички и два товарни вагони и би ја претставувалa композицијата од фотографијата направена во Битола во 1907 година:
Фотоатеље „Манаки„ - Битола 1907
Како најпогодни за преработка со цел да се добијат вагоните од фотографијата се моделите на PIKO за патничките и моделите на ТRIX за товарните вагони:
PIKO 5/6516-010  &  TRIX 24082

Воената композиција би била составена од два до три товарни вагони како од отворен така и од затворен тип.
Модели слични и погодни за преработување во вагоните на Српските државни железници кои во тоа време биле употребувани за дотур на воен материјал кон линијата на фронтот а кои ги среќаваме на фотографиите од времето на Балканските војни на трасата Солун-Битола, на пазарот ни нудат производителите BRAWA i TRIX:
Brawa 2083
Brawa 48021


Trix 24116
Trix 23510
Главниот атрибут без кој диорамата не би можела да го добие посакуваниот изглед е модел на зградата на железничка станица.
Модел погоден за преработка од кој би се добил модел на Битолската железничка станица нема. Меѓутоа, правењето на модел во „домашната работилница„ не би требало да претставува проблем кога ќе се земе во предвид дека станицата генерално нема претрпено никакви значајни промени кои драстично би го промениле нејзиниот оригинален изглед.
Затворањето на едната излезно/влезна врата како и неколкуте „разубавувања„ на фасадата кои се направени во подоцнежните години не би требало да влијаат при изработката на моделот на станицата во нејзин оригинален лик така да денешниот изглед на истата може слободно да се земе како основа за правење на модел.
Bitola 1916 - today
 За колосеците главно ќе бидат употребени моделите на пруги на производителот ROCO со број 42201: полуеластични, со дрвени прагови и висина на шини од 2,5 мм. 
Roco 42201
Со изборот на пругите е завршено планирањето на основата на диорамата и може да се премине кон планирање на можните детаљи кои би помогнале да се долови саканата атмосфера на железничката станица на почетокот на 20-тиот век.  




.

No comments:

Post a Comment